Следејќи ги препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање и соодветно сопствените заложби, Општина Аеродром ослободи од работни обврски вкупно 69 лица.
Бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, а се во работен однос со Општина Аеродром, без разлика на возраста, денеска се ослободени од работни обврски. Конкретно, станува збор за 42 сезонски работници, 5 вработени од општинската администрација и 22 од кадарот на градинките и училиштата на територија на Општина Аеродром.
Исто така, работниците на отворено ќе работат од 11:00 до 17:00 часот сѐ додека е надминат прагот на алармирање.
Апелираме до граѓаните да ги следат препораките од надлежните институции во однос на намалување на загадувањето и ги замолуваме за разбирање доколку настане привремен застој во работењето на комуналните служби заради ослободување на речиси половина од сезонските работници.
28.12.2017
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.