ПОВТОРНО НА СИЛА ИНТЕРВЕНТНИТЕ МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

Апелираме до граѓаните да ги следат препораките на надлежните институции.

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеролошки работи, прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 200 µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат во Скопје на мерните места Ректорат и Лисиче.
Соодветно препораките на централната и градската власт и заложбите на Општина Аеродром, повторно ги активираме дополнителните интервентни мерки кои се однесуваат на целата територија на Општината, конкретно:

-       работниците на отворено работат од 11.00 до 17.00 часот

-       бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски

-       се одложуваат активностите на отворено, доколку не се итни

-       се откажуваат сите активности на отворено во кои учесници се децата како најранлива популација во однос на загадувањето на воздухот

-       се намалува до 50% употребата на службените возила

-       продолжуваат зголемените инспекциски контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби

-       ќе се обезбеди прифатилиштe за сместување на бездомници.

Овие интервентни мерки ќе бидат на сила се додека е надминат прагот на алармирање, што според прогнозите на Управата за хидреометеролошки работи се предвидува да биде до петок (12.01.2018).

Во меѓувреме Општина Аеродром апелира до граѓаните:

-       да не ги користат возилата без потреба

-       повеќе лица да се возат во едно возило

-       да се користи јавниот превоз

-       за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, односно за затоплување да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци

-       печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

31.1.2018

Општина Аеродром