Аеродромецот Весели европски вицешампион во карате

Градоначалникот Златко Марин им додели признаници за особени успеси во спортот на Фаик Весели, Столе Смилковски и Марио Свинарски. Тројцата каратисти, со живеалиште во Општина Аеродром постигнаа врвни резултати на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори - У21 во Сочи, Русија.

Имено, Фаик Весели го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција во борби, а Столе Смилковски зема 5 место во категоријата до 55 килограми.

Општина Аеродром наскоро ќе објави повик за доделување еднократна финансиска поддршка за талентирани спортисти, со цел да ги поттикне младите да ги реализираат своите амбиции и да придонесе за развивање на спортот во општината.

Исто така, Општина Аеродром има потпишано меморандум за соработка со Центарот за едукација и менаџмент во спортот, кој се однесува на едукација на млади спортисти од општината во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и соработка со Агенцијата за спорт и млади на РМ во делот на унапредување на училишниот и масовниот спорт и поддршка на индивидуалните спортови.

 

12.2.2018

Општина Аеродром