На 15.02.2018 година во 13:00 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи првата од трите работилници за креирање транспарентни и отчетни процедури за финансирање на граѓанските организации од буџетите на ЛС и стимулирање на примена на добри практики помеѓу општините.
Работилниците се дел од проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) спроведуван од Центар за одржлив развој - Алка Скопје.
Kако резултат од нив, ќе произлезе методологија за транспарентна распределба на средства за здруженија на граѓани што ќе овозможи компетитивност на идеите и спроведување на проектни активности кои се важни за целата заедница.
Ве покануваме да земете активно учество на истите.
13.2.2018
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.