Во четврток 8 седница на советот

На 15.3.2018 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 8-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог- Завршна сметка на Буџетот на Општина Аеродром за 2017 година

2.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај на Општина Аеродром за 2017 година

3.    Предлог–Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на Општина  Аеродром  за 2019 година

4.    Предлог-План за измена и дополна на План за јавни набавки на ОА за 2018 година

5.    Предлог – Одлука  за давање согласност на измена и дополна на Годишен план за вработување на основни училишта на подрачје на Општина  Аеродром  за 2018 година

6.    Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за опремнина за пензионирање на лица вработени во општински буџетски корисник

7.    Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучување на дистрибутивна мрежа преку стандарден приклучок со одобрена максимална едновремена моќност на приклучок до 40 kW (зголемување на моќност во населба Ново Лисиче за доградба на градинка Буба Мара)

8.    Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за снабдување со електрична енергија број УП1 – 11-113 помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, (зголемување на моќност во населба Ново Лисиче за доградба на градинка Буба Мара)

9.    Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам на ОА за доставено Барање за изработка на ЛУПД на КП 2793 КО Горно Лисиче вонград, за изградба на Г2-лесна и незагадувачка индустрија.

           

            12.3.2018

        Општина Аеродром