Општина Аеродром се вклучува во акцијата „Часот на планетата Земја“

Општина Аеродром ја поддржува глобалната акција „Часот на планетата Земја“. Целта на оваа акција е преку симболично исклучување на осветлувањето во рок од еден час да се истакнат сериозните последици од климатските промени врз планетата Земја.

Во периодот од  20:30 до 21:30 часот ќе бидат исклучени светлата во парковите „Јане Сандански“, „Аеродром“ (авион), паркот со езерата, паркот „Бановина“, Паркот на светлината (спроти Мајчин дом) и трговскиот центар „Капитол“ во Општина Аеродром.

Во „Часот на планетата Земја“ учествуваат 8.000 градови во над 180 земји, меѓу кои и Македонија. Станува збор за светска иницијатива, организирана од Светскиот фонд за природа (WWF). Во акцијата ќе учестуваат и екипи на Црвениот крст на Кисела Вода.

Општина Аеродром апелира до граѓаните, домаќинствата, кафулињата, рестораните, јавните објекти и други потрошувачи на електрична енергија на територијата на Општина Аеродром да се вклучат во акцијата и да ги изгаснат светилките во времетраење од еден час. На овој начин, секој од нас ќе ја покаже солидарноста во борбата против климатските промени.

 

24.3.2018

Општина Аеродром