Општина Аеродром утрово ја санира пристапната улица што води кон основното училиште „Љубен Лапе“ и касарната.
Стариот асфалт на пристапната улица беше целосно деградиран и распаднат, поради што е отстранет и ќе биде заменет со нов слој асфалт. На оваа улица, Општината има поставено и нова атмосферска канализација.
Истовремено, се санираат и улици околу трговскиот центар Бисер и првиот влез во Ново Лисиче. Општина Аеродром систематски ги санира ударните дупки на целата територија на Општината, а дополнително ги евидентира и пријавите од граѓани.
31.3.2018
Општина Аеродром
08-04-24