Во четврток 9 седница на советот

На 5.4.2018 година (четврток) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 9-та седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следните точки:

1.    Предлог – Одлука  за  доделување спонзорство на Кошаркарскиот клуб МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ АД  Скопје, за сезона 2018/2019

2.    Предлог – Одлука  за давање согласност на Спогодба за раскинување на Договор за донација на Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крилја“ Скопје, за реализација на проект „Слобода во вода“

3.    Предлог – Одлука  за давање согласност на измена и дополнување на Годишен план за вработување на Општина  Аеродром  за 2018 година

4.    Предлог- Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 987)

5.    Предлог- Одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објекти на КП 3629)

6.    Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за приклучување на дистрибутивна мрежа преку стандарден приклучок со одобрена максимална едновремена моќност на приклучок до 40 kW (јавно осветлување на дел од ул. Коста Новаковиќ и дел од ул. Ангел Димовски заедно со кружен тек во Стар Аеродром)

7.    Предлог-Одлука за давање согласност на Договор за снабдување со електрична енергија број УП1 – 11-112 помеѓу Општина Аеродром и ЕВН Македонија, (јавно осветлување на дел од ул. Коста Новаковиќ и дел од ул. Ангел Димовски заедно со кружен тек во Стар Аеродром)

8.    Предлог-Одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за опремнина за пензионирање  на лица вработени во општински буџетски корисник

9.    Предлог-Заклучок за усвојување на Информација од Одделение за урбанизам на ОА за исправка на печатна грешка во Барање за изработка на ЛУПД на КП 2793 КО Горно Лисиче вонград, за изградба на Г2-лесна и незагадувачка индустрија

10.  Предлог-Заклучок за усвојување на Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на ОА за период од 03.11.2017 година до 25.01.2018 година

11.  Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлуката за утврдување на назив (име) на објект во состав на Јавната детска градинка на Општина Аеродром  -  „Срничка“

12.  Предлог-Одлука за давање согласност за потпишување на Европската повелба за еднаквост на жените и мажите во локалниот живот

13.  Предлог-Одлука за разрешување на членови на УО на ООУ „Браќа Миладиновци“- претставници  на основачот

14.  Предлог-Одлука за именување членови на УО на ООУ „Браќа Миладиновци“- претставници на основачот

15.  Предлог-Одлука за разрешување член на УО на ООУ „Димитар Македонски“- претставници  на основачот

16.  Предлог-Одлука за именување член на УО на ООУ „Димитар Македонски“- претставници на основачот

17.  Предлог-Одлука за разрешување член на УО на ООУ „Љубен Лапе“- претставник  на основачот

18.  Предлог-Одлука за именување член на УО на ООУ „ Љубен Лапе“- претставник на основачот

19.  Предлог-Одлука за давање согласност на измена и дополнување на Годишен план за вработување на ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ за 2018 година

20.  Предлог-Одлука за утврдување на почеток и завршеток на работното време на ЈУДГ „Буба Мара“ со своите објекти

21.  Предлог-Одлука за утврдување на почеток и завршеток на работното време на ЈДГОА „Срничка“ со своите објекти

           

            3.4.2018

            Општина Аеродром