Општина Аеродром го прослави 13-от роденден со хуманитарна забава

Роденденот на Општина Аеродром оваа година беше прославен во паркот со авион како целодневна забава заедно со голем број граѓани од сите возрасти. Роденденската забава имаше хуманитарен карактер, така што во соработка со Црвениот Крст се собираа средства за социјално загрозени семејства на територијата на Општина Аеродром.

„Се надевам дека хуманоста што денеска ја иницираме ќе прерасне во традиција и заштитен знак на Општина Аеродром“, изјави градоначалникот Златко Марин на централната манифестација.

Исто така, го промовиравме и социјалното претприемништво. За таа цел, здруженија од Општина Аеродром што работат со ранливи категории Лице в лице, Солем, Во мојот свет и Порака ги претставија своите производи на повеќе локации во паркот.

Програмата ја збогати настапот на децата од детските градинки и основните училишта со ритмички точки, балет, хип-хоп настапи, драматургија, соло пеење со флејта и народни ора, на кои им се придружија магионичар и улични забавувачи.

Во рамки на организацијата имаше и три натпревари во кои учествуваа сите основни училишта. За најдобар кошаркар беше прогласена Сара Гацевска, за најдобар ликовен уметник е избрана Ана Велјановска, а епитетот најдобар поет, односно поетеса и беше даден на Миа Шеќероска од четврто два одделение во ОУ „Блаже Конески“ за песната „Растеме со Аеродром“.

Граѓаните преку социјалните мрежи, пак, во рамки на прославата на 13-от роденден, имаа можност да изберат најдобар угостителски објект во Општина Аеродром. Во категоријата најдобро кафуле победи „Лонг плеј“, најдобар лаунџ бар е „Гет кафе“, а за најдобар ресторан беше избран „Де гама“. Општината додели и признание на DejaVu Capitol Mall за општествено одговорен локал, заради поддршката на хуманитарниот настан.   

Во вечерниот дел од програмата, кој всушност настапија професионални бендови и изведувачи од Аеродром Марко Кума и Црни, Бени со Нон Стоп и Златко Ориѓански. Настанот го отвори квартетот на Македонската опера и балет, а заврши со музика по избор на Драган Б. Костиќ.

 

15.4.2018

Општина Аеродром