Традиционалниот турнир во мал фудбал „Скопје 2018“ вчеравечер официјално почна во спортскиот центар „Ново Лисиче“.
Вкупно 32 екипи од различни градови од земјава учествуваат на седмиот по ред турнир што ќе трае до 15 јуни.
Натпреварите се одржуваат секој ден во периодот од 17:30 до 23:00 часот.
Оваа година турнирот го организира здружението КБС 2012, а Општина Аеродром е покровител. Наградниот фонд изнесува 300.000 денари.
29.5.2018
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.