П О К А Н А

Утре, 8.6.2018 година (петок) со почеток во 12:00 часот пред ТЦ „Капитол Мол“ во соработка со полициската станица „Аеродром“ и СВР Скопје ќе се промовира реализацијата на проектот „Превенција од имотни деликти и кражби во летниот период“.

На настанот ќе присуствува градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и командирот на ПС „Аеродром“, Јовица Божиновиќ.

Проектот опфаќа активности на кои компетентни лица од МВР во текот на цело лето ќе ги информираат граѓаните за подобрување на безбедносната состојба на територијата на Општина Аеродром, со што ќе се придонесе за зголемено чувство на сигурност на граѓаните, како и соработка и доверба во полицијата.

Ги покануваме редакциите на пишаните и на електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследи настанот.

 

7.6.2018

Општина Аеродром