Вечерва завршува Турнирот во мал фудбал „Скопје 2018“

Денеска, 12.6.2018 година, со натпреварите за трето и прво место завршува седмиот по ред турнир во мал фудбал „Скопје 2018“, кој изминатиов месец се одржуваше во Спортскиот центар „Ново Лисиче“.

Настанот почнува во 19:00 часот со фудбалски натпревар меѓу училишните екипи од ОУ „Александар Македонски“ и ОУ „Димитар Македонски“.

За трето место ќе се натпреваруваат Фенрбахче Кичево - ТК Лока Фер Плеј со почеток од 20:00 часот, додека во финалето за победник на турнирот ќе настапат екипите на Маг Логистик - Компанија Атанасовски, од 21:00 часот.

Полуфиналните натпревари од турнирот во мал фудбал се одиграа вчера меѓу ТК Лока Фер Плеј - Компанија Атанасовски, како и Фенербахче Кичево - Маг Логистик.

 

12.6.2018

Општина Аеродром