Општина Аеродром деновиве почна со реконструкција на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.
Во рамки на активностите се заменуваат старите подови со нови еластични ПВЦ подови во училниците односно кабинетите каде се одржува настава, за што Општината издвои околу 2 милиони денари од сопствениот Буџет.
Исто така, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се реконструира подот во холот на училиштето, со средства обезбедени од самото училиште.
Со оглед на тоа што условите во училиштата се исклучително важни за квалитетен воспитно-образовен процес, Општина Аеродром ќе продолжи и во иднина да создава современи услови за поуспешно образовно искуство.
18.7.2018
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.