СЕ ГРАДИ УЛИЦА МЕЃУ НОВИТЕ ЗГРАДИ ВО МИЧУРИН

 

Неодамна во населба Мичурин почна изградба на комплетно нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата „Фрањо Клуз“ во должина од 200 метри, за кои Општината ќе издвои над 8 милиони денари.

Станува збор за изградба на улицата „Новопроектирана 8“, која ќе добие и комплетно нова атмосферска, фекална и водоводна мрежа, исто така во должина од 200 метри. Улицата и паркиралиштето ќе бидат целосно осветлени.

Изградбата на улицата за граѓаните ќе значи полесен пристап до новите згради и приклучок кон комплетно новата подземна инфраструктура.

Инаку, планирано е изведбата да заврши во рок од три месеци.

 

3.8.2018

Општина Аеродром