Голема акција за чистење на Општина Аеродром

Општина Аеродром од денеска почна голема акција за чистење на целата територија во соработка со Град Скопје.

Почетокот на акцијата го означија градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и директорите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, Абдусамет Шабани и Адриан Муча.

Станува збор за сеопфатна есенска генералка за чистење на улиците и парковите, во која покрај јавните претпријатија се ангажирани и сезонските работници од Општина Аеродром, како и сета расположлива механизација.

Чистата животна средина е еден од главните приоритети на Општина Аеродром. Најефикасните резултати се постигнуваат токму преку соработка и заеднички акции како денешната“, изјави градоначалникот Марин.

Тој додаде дека Општина Аеродром ангажира околу 120 работници кои се грижат за чистотата на јавните површини и нивното секојдневно одржување и најави набавка на дополнителна механизација, за што веќе се алоцирани средства.

Според планот и предвидената динамика ќе се чистат сите градски и општински улици, како и парковите.

Генералката на улиците и парковите ја правиме со цел да ја зачуваме животната средина чиста и секое катче од нашата Општина средено, бидејќи здравјето на граѓаните ни е од највисок приоритет.

               3.9.2018

               Општина Аеродром