Заврши реконструкцијата на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.
Старите подови во училниците и кабинетите се заменија со нови еластични ПВЦ-подови, а Општината за овој проект издвои околу 2 милиона денари од сопствениот буџет.
Училиштето „Лазо Ангеловски“ со сопствени средства го реконструираше и подот во холот на училиштето.
Исто така, во наредниот период ќе се изврши и рехабилитација на покривот на училиштето „Лазо Ангеловски“ во рамките на проектот на Министерството за образование и наука, при што се планира отстранување на салонитот од кровната конструкција и негова замена со друг соодветен материјал.
6.9.2018
Општина Аеродром
08-04-24