Интегрираната паралелка од посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ доби нови простории. Оваа учебна година паралелката ќе функционира во рамките на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар ‒ Аеродром. Просторијата ќе се користи без надомест, а е обезбеден и бесплатeн оброк за учениците.
Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ има девет интегрирани паралелки што го реализираат воспитно-образовниот процес во рамките на општинските училишта на територија на градот.
Општина Аеродром ја поддржа иницијативата за подобрување на условите за реализирање на воспитно-образовниот процес за учениците од ова училиште, кои се жители на Општина Аеродром.
14.9.2018
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.