Населбата Ново Лисиче доби околу 50 нови паркинг-места со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски - Бато“.
Проширувањето на паркинзите е во рамките на тековните активности за одржување на паркиралиштата, пешачките патеки и тротоарите што се под надлежност на Општината.
Тековното одржување опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија.
25.9.2018
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.