Вкупно 80 учесници од основните училишта во Општина Аеродром се дел од проектот „Педијатриска прва помош“ што го имплементира меѓународната невладина организација „Линк акрос“.
Примарната цел на овој пилот-проект што го изведува педијатар е да го зголеми знаењето на наставниците во основните училишта и на семејствата за обезбедување соодветна прва помош, како и подигнување на јавната свест во врска со ова прашање.
Седумдесет наставници по одделенска настава и десет родители по завршувањето на обуката и положувањето на финалниот тест ќе се стекнат со сертификат од „Линк акрос“ и Универзитетската клиника за детски болести.
Проектот „Педијатриска прва помош“ ќе опфати околу 280 наставници и 40 родители на ученици од прво до петто одделение од општините Аеродром, Карпош, Гостивар и Тетово. Овој проект се темели врз претходните обуки за педијатриска прва помош на околу 700 вработени во детските градинки во пет града низ Македонија, како и врз претходната вклученост на „Линк акрос“ во областа на детското здравје во земјава.
27.9.2018
Општина Аеродром
08-04-24