Поголема сообраќајна безбедност за учениците ООУ „Браќа Миладиновци“

           

            Пред основното училиште „Браќа Миладиновци“ во населбата Островo е поствена целосно нова вертикална и хоризонтална сигнализација. Денеска се одржа и сообраќајно едукативно предавање за ученици од ова училиште.

            Новата сигнализација вклучува легнати полицајци и сообраќајни знаци за предупредување, со што се зголемува безбедноста на учениците, како и на другите учесници во сообраќајот.

            Во изминатиот период иста ваква сообраќајна сигнализација беше поставена и пред училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, како и на улицата пред училиштето „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“ во Реонски центар ‒ Аеродром. Општина Аеродром за овој проект од својот буџет издвои околу еден милион денари.

            Во ООУ „Браќа Миладиновци“ Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Општина Аеродром и Триглав Осигурување денеска одржаа едукативно предавање за првооделенчињата, на коишто им поделија флуоресцентни елечиња. Целта на оваа акција е поголема видливост на децата во сообраќајот и нивна едукација за основните сообраќајни правила и прописи.

           

            2.10.2018

            Општина Аеродром