Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка

Општина Аеродром се вклучи во одбележувањето на Денот на европска соработка преку настани организирани од Центарот за климатски промени и Министерството за животна средина и просторно планирање.

            Петтооделенци од училиштето „Александар Македонски“ ја посетија станицата за мониторинг на квалитетот на воздухот во населбата Лисиче. Тие се информираа на кој начин се мерат загадувачките супстанци и како овие податоци се пренесуваат во центрите задолжени за нивна обработка. Исто така, ученици од „Блаже Конески“ посетија погон на фабрика, каде освен со процесот за производство на чаеви се запознаа и со историјатот на бар кодовите.

            Одбележувањето на Денот на европска соработка се организира седма година по ред во цела Европа во координација на Европската комисија за соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент. Целта на оваа кампања е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавноста.

            Фотографиите и видео материјалите од настаните ќе бидат прикажани на завршниот настан на 12 октомври во Дојран во организација на Министерството за локална самоуправа.

 

                5.10.2018

            Општина Аеродром