Марин: Стопирана е градбата кај Мајчин дом, бараме трајно решение за заштита на плацот

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, на денешната прес-конференција соопшти дека се стопирани градежните активности пред Мајчин дом и најави трајно решение на проблемот низ дискусија со граѓаните и со сите засегнати страни. Претходно тој имаше средба со инвеститорот, кој исто така ќе биде вклучен во процесот на барањето решение.

Ги преземам сите можни мерки и напори, со сите засегнати страни, да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот, во разговори со граѓаните, со инвеститорот и со Градот Скопје“, изјави градоначалникот Марин на прес-конференцијата.

Тој додаде дека граѓаните се во право, дека ја поддржува борбата за јавниот простор и е целосно на нивна страна. Од нив сум избран да ги решавам проблемите со кои заеднички се соочуваме и токму тоа го правам“, рече тој.

Во таа насока свика и вонредна седница на Советот на Општина Аеродром в петок и ги повика претставниците на граѓанските здруженија и сите засегнати граѓани да присуствуваат и да бидат дел од процесот на барање решение.

Општина Аеродром наследи страшни и огромни проблеми, со години создавани од ВМРО-ДПМНЕ. Ние се заложивме дека ќе ги решаваме. Со оваа иницијатива токму тоа го правиме“, заклучи тој.

 

10.10.2018

Општина Аеродром