Жителите на Општина Аеродром добија два летниковци како донација од „Пивара“ Скопје.
Летниковците се поставени во близина на поликлиниката „Јане Сандански“ во Стар Аеродром и во паркот зад бензинската пумпа на „Лукоил“. Тие претставуваат нови места за дружење и за рекреација, каде што граѓаните ќе имаат можност да го негуваат маалскиот живот.
Овие летниковци се дел од вкупно 15-те што ќе бидат поставени во неколку општини низ земјава како дел од новата кампања на компанијата, чија цел е да нè потсети на значењето на пријателствата и на маалските анегдоти.
24.10.2018
Општина Аеродром
08-04-24