Општина Аеродром: Воведуваме механизам за Мајчин дом никогаш да не се повтори

Следната недела Општина Аеродром објавува јавен повик за членови во партиципативното тело од областа на урбанизмот, чие формирање беше најавено на вонредната седница на Советот.

Со формирањето на партиципативното тело, Општината им овозможува на граѓаните директно да учествуваат во урбанистичкото планирање. Со овој механизам гарантираме дека Мајчин дом никогаш веќе нема да се повтори. Граѓаните и правните лица отсега ќе имаат можност активно да учествуваат во процесот на планирање и изготвување плански решенија за Општината и да спречат обиди за узурпација на животната средина и носење штетни ДУП-ови од која било власт.

Партиципативното тело ќе се состои од девет члена:

-           еден од редот на членовите на Советот

-           двајца по предлог на облиците на месна самоуправа

-           двајца по предлог на здруженија на граѓани

-           двајца од здруженија на стручни лица од областа на урбанизмот

-           двајца од областа на општинска администрација.

Новото раководство на Општина Аеродром работи во интерес на граѓаните и ги следи нивните приоритети. Времето на тајно носење детални урбанистички планови и узурпирање на зелените површини во Аеродром помина. Отсега одлуките ќе ги носиме заедно, ќе овозможиме хумано живеење и подобри услови за сите граѓани на Општина Аеродром.

 

2.11.2018 г.

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео