Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден прогласи епидемија од морбили (мали сипаници) на целото подрачје на град Скопје, со што од денеска, 3.1.2019 година, стапува во сила привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во сите градинки на подрачјето на градот.
Ваквата мерка стапува во сила согласно со член 56 и 57 од Законот за заштита на населението од заразни болести. Населението од ова исклучително опасно заболување може да се заштити со вакцинација, соопштија од Министерството за здравство, од каде што посочуваат дека сите заболени од морбили се невакцинирани лица.
Општина Аеродром апелира до родителите да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, со цел да се заштитат децата од ова заболување и да се спречи понатамошно ширење на епидемијата од морбили.
3.1.2019
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.