Општина Аеродром подготвена по првиот снег

 Зимската служба на Општина Аеродром од утрово, по паѓањето на првиот снег, излезе на терен и интензивно работи на расчистување на снегот од улиците и пешачките патеки во Горно и Долно Лисиче, населбата Лисиче, како и улиците Тодор Чангов и Ѓорѓи Капчев.

Општина Аеродром располага со 50 тони сол и две сопствени возила за зимско одржување на улиците. Службите се подготвени брзо и ефикасно да се справат со првиот снег, а дополнително за расчистување на тротоарите, автобуските постојки, како и приодите на градинките и училиштата ќе бидат ангажирани и сезонските работници.

Службите ќе ја следат состојбата и ќе реагираат согласно со условите на теренот.

Општина Аеродром апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.

 

Општина Аеродром

6.1.2019

 

 

Актуелно

img
img img

Видео