Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска оствари средба со претставници од Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје. На средбата стана збор за проблемите и предизвиците со кои се соочува оваа група граѓани, како и за можностите за соработка на Здружението со Општина Аеродром. Општината во наредниот период ќе ги разгледа барањата од Здружението, како што се отворен ден во нашата институција за глувите и наглувите граѓани со придружба од толкувач на знаковниот јазик, обезбедување толкувач за време на родителските средби во основните училишта, како и ослободување термини за спортување во спортските сали во рамките на училиштата. На територијата на Општина Аеродром живеат околу 30 глуви и наглуви луѓе, од различна возраст.
Општина Аеродром
23.1.2018
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.