Крводарителска акција во Општина Аеродром

  Денеска во просториите на Општина Аеродром беше спроведена крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Македонија - Кисела Вода.

 Кон акцијата се приклучија околу 40 граѓани, од кои дел се вработени во Општината, како и многу хумани граѓани.

 Општина Аеродром ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот.

       Општина Аеродром

       28.1.2019 г.