Проектот за лични и образовни асистенти дава позитивни резултати

Проектот преку кој се ангажираат лични и образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби од основните училишта во Општина Аеродром во изминатите шест месеци даде позитивни резултати.

Ова е заклучокот од спроведената полугодишна евалуација на сите вклучени субјекти во проектот, чиј носител е УНДП, во соработка со Општина Аеродром и Агенцијата за вработување на Република Македонија, како дел од програмата за општокорисна работа.

Досега се ангажирани 8 образовни и 7 лични асистенти што работат во основните училишта со деца со посебни образовни потреби, а се очекува проектот да продолжи и следната учебна година, со цел да се опфатат поголем број ученици на кои им е потребна ваква помош.

 29.1.2019

Општина Аеродром