В среда 21 седница на Советот

 В среда, 6.2.2019 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 21-та седница на Советот на Општината.

На дневен ред на седницата се следниве точки:

  1. Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за  извршување на буџетот  на Општина Аеродром за четвртиот квартал од 2018 година.
  2. Предлог-одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија за извршен попис на средствата со состојба на ден 31.12.2018 година.
  3. Предлог-одлука за давање согласност за склучување Меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје.        
  4. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 1311).
  5. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 3 на КП 1264).
  6. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 1894/12.)
  7. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 3733/10).
  8. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“ за учебната 2018/2019 година.
  9. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работа на ООУ Лазо Ангеловски“ за учебната 2018/2019 година.
  10. Советнички прашања

           

           

            Општина Аеродром

            4.2.2019 г.