Ј А В Е Н П О В И К за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови

          Јавниот повик се распишува во согласност со член 21 став (1) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16).

            Јавниот повик ќе трае од 15.03.2019 до 13.04.2019 година или 30 дена, сметано од објавувањето во дневниот весник „Слободен печат“.

          Во текот на јавниот повик, сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават иницијативи за изработување и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1), точка 2, алинеја 2 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општината.

          Предмет на иницијатива може да биде донесување нов урбанистички план или изменување и дополнување на важечки урбанистички план, со образложение за бараните изменувања и предлог за планскиот опфат.

          За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за доставување на иницијативи.

          Средствата за прифатените иницијативи за изработување и донесување на урбанистичките планови треба да ги обезбедат правните или физичките лица подносители на иницијативите.

          Јавниот повик ќе биде објавен на интернет страницата на Општина Аеродром, www.aerodrom.gov.mk, на огласна табла во Општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во „Службен гласник на Општина Аеродром - Скопје“ и во дневниот весник „Слободен печат“. 

 


                                                                 

                                                                                                                                   Општина Аеродром