Одделенските наставнички Јадранка Клисарова од ОУ „Блаже Конески“ и Светлана Јосифовска ОУ „Лазо Ангеловски“ се наградени на првата регионална конференција „Светот на образованието ги брише границите“ што неодамна се одржа во Скопје.
Клисарова и Јосифовска добија високи признанија за огромниот придонес во областа на образованието, во конкуренција на голем број наставници од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија.
Тие се сретнаа со градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, кој им додели благодарници за постигнатиот успех. Марин на средбата истакна дека е од особено значење тоа што во училиштата во Аеродром работат вакви посветени наставници, кои со децении наназад ги поставуваат темелите во образованието на голем број успешни генерации.
Клисарова и Јосифовска, за својата работа, досега имаат добиено десетици награди, како во државата, така и пошироко.
„Наставниците што се самомотивираат секогаш постигнуваат резултати. Јас сум само една капка во морето“, истакна Клисарова, која веќе 38 години работи како одделенски наставник.
Јосифовска е наставник 28 години и посочи дека покрај огромната посветеност, за успех е потребна голема љубов кон работата, како и поддршка од соработниците и родителите на учениците.
Регионалната конференција „Светот на образованието ги брише границите“ се одржа во организација на Асоцијацијата на најдобрите наставници на бивша Југославија и има цел да ги вмрежи наставниците од различните земји и да им овозможи размена на нивните искуства и практики.
13.3.2019
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.