СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), градоначалникот на Општина Аеродром го дава следново

 

СООПШТЕНИЕ

 

Се известуваат граѓаните и правните лица од опфатот на Детален урбанистички план за градска четврт И 09 Општина Аеродром, Скопје, плански период 2017 - 2022 година, дека градоначалникот на Општина Аеродром, Скопје, донесе

 

Одлука за спроведување на повторна Јавна презентација и повторна Јавна анкета

 

по Предлог детален урбанистички план за градска четврт И 09, Општина Аеродром, Општина Центар, Скопје, плански период 2017 - 2022 година, како што е дефинирана со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022 година и е ограничена на северoисток со осовината на бул. „Кузман Јосифовски Питу“, на југоисток со осовината на ул. „Борис Кидрич“, на југозапад со осовината на бул. „3-та македонска мригада“ и на северозапад со осовината на бул. „Никола Карев“. Опфатот зафаќа површина до осовини на примарни сообраќајници од 8,6 ха, т.е. површина до регулациони линии од 6,6 ха, на која согласно со ГУП на Град Скопје се предвидени површини со следниве намени:

А – ДОМУВАЊЕ;

A2 – Домување во станбени згради;

Б – КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ;

Б2 – Големи трговски единици;

В – ЈАВНИ ИНСТИТУЦИИ;

В2 – Здравство и социјални грижи – здравствен објект;

Д – ЗЕЛЕНИЛО, СПОРТ, РЕКРЕАЦИЈА И МЕМОРИЈАЛНИ ПРОСТОРИ;

Д1 – Парковско зеленило;

Д2 – Заштитно зеленило;

Е – ИНФРАСТРУКТУРА;

Е1 – Комунална инфраструктура (сообраќајни коридори);

Е2 – Комунална супраструктура

 

Предлог деталниот урбанистички план за градска четврт И 09, Општина Аеродром, Општина Центар, Скопје, ќе биде изложен во просториите на УЗ „Острово“, на адреса бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17 - 41, Скопје, во рок од 10 работни дена, од 21.3.2019 (четврток) заклучно со 1.4.2019 година (понеделник), секој работен ден од 9:30 до 17:30 часот.

 

Анкетните листови за изнесување предлози и забелешки во однос на предлог-планот, од физички и правни лица, може да се земат секој ден во просториите на урбаната заедница од надлежното лице. За времетраењето на Јавната анкета, предлози и забелешки може да се достават и во електронска форма согласно со член 35 став 5 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).

 

Јавната презентација ќе се одржи на ден 22.3.2019 година (петок) со почеток во 13:00 часот во просториите на УЗ „Острово“, на адреса бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17 - 41, Скопје.

 

 
   

                                                                                                                                                                                                                         Градоначалник

Златко Марин