Аеродром ќе добие нови паркови

 Денеска градоначалникот Златко Марин имаше координативна средба со директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча, на која разговараа за  изградбата на новите паркови покрај булеварите „Февруарски поход“ и „Србија“.

Во насока на поголема грижа за зеленилото, во наредниот период Општина Аеродром ќе изгради нов парк покрај булеварот „Трета македонска бригада“, а ќе постави и нов систем за полевање на зелените површини и новите садници. Исто така, за најмладите ќе бидат изградени и шест нови детски игралишта.

29.3.2019

Општина Аеродром