Во полн ек изградбата на патот во Долно Лисиче

 Реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево што поминува низ Долно Лисиче е во полн ек.

Со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население.

Проектот има исклучитено значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди.

Станува збор за многу фреквентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена се обезбедени 14 милиони евра од Светска банка.

2.4.2019

Општина Аеродром