Расчистена дива депонија во населбата Лисиче

 

 

Комуналните служби на Општина Аеродром спроведоа голема акција за расчистување дива депонија во непосредна близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

Општина Аеродром апелира до граѓаните својот отпад да не го фрлаат на места што не се предвидени за таа намена. Општинските комунални служби и службите на ЈП „Комунална хигиена“ постојано се на терен и работат на одржување на хигиената. Исто така, и инспекциските служби се постојано на терен, а граѓаните можат да пријават диви депонии на дежурниот телефонски број 075/316-515.

Истовремено, Општината ги информира граѓаните дека кон крајот на април ќе организира акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата ќе биде спроведена на целата територија на Општината, при што жителите ќе можат бесплатно да се ослободат од старите парчиња мебел и дотраени електрични апарати.

10.4.2019

Општина Аеродром


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео