Осма специјализирана изложба на ротвајлери во Општина Аеродром

 

Специјализирана изложба за кучиња од расата ротвајлер се одржа изминатиот викенд по осми пат во паркот „Авион“ во Општина Аеродром.

Низ рингот продефилираа вкупно 128 кучиња од расата ротвајлер од 10-ина европски држави, а најмногубројни беа излагачите од Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Полска.

Организатор на изложбата е Ротвајлер клубот, кој следната година ќе биде домаќин на Светското првенство за ротвајлери, каде што се очекуваат од 300 до 500 кучиња од оваа раса.

Општина Аеродром и во иднина останува отворена за соработка и поддршка на манифестации и настани што поттикнуваат грижа за животните.

9.5.2019

Општина Аеродром