Ангела и Меланија најдобри „хемичарки“ од Аеродром

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели признаници на ученичките Ангела Здравковска и Меланија Филиповска од ООУ „Димитар Македонски“ за посебен успех во областа на хемијата. Во отсуство на Ангела, признаницата ја прими нејзината наставничка по хемија.

Тие освоија прво и второ место на неодамнешниот општински натпревар по хемија за ученици од основните и средните училишта што го организираше Сојузот на хемичари и технолози на Македонија.

Со тоа и со дипломите што потоа ги добија на регионалниот натпревар по хемија, Ангела и Меланија се стекнаа со право да се натпреваруваат на државниот натпревар што ќе се одржи на 17 мај.

Да им посакаме успех!

 

10.5.2019

Општина Аеродром