Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, на вчерашната завршна свеченост на Европското движење во Република Северна Македонија, доби плакета за успешна соработка во реализација на активностите за одбележување на Денот на Европа.
„Со своите заложби за спроведување на традиционалниот ликовен конкурс за дечињата од Општина Аеродром градоначалникот Марин даде несебичен придонес за афирмација на европските вредности до граѓаните. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжи да го поддржува овој проект што им овозможува на дечињата од Општина Аеродром да ги покажат своите креативни потенцијали и талент“, изјави претседателката на Европското движење, Милева Ѓуровска.
На свеченоста присуствуваа и трите деца што освоија прво место во трите категории Владимир Анастасовски од градинката „Срничка“, објект „Калинка“, Јосиф Најдовски од III1 од ООУ „Гоце Делчев“ и Ангела Зимбакова од VIII3 од ООУ „Лазо Ангеловски“.
15.5.2019
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.