Во вторник 26-та седница на Советот на Општина Аеродром

 Во вторник, 28.5.2019 година, со почеток во 16:30 часот, во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 25-тата седница на Советот на Општината.

                       На дневен ред на седницата се следниве точки: 

 

  1. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во буџетот на ОА за 2019 година.
  2. Предлог-одлука за формирање Совет за превенција на детско престапништво на Општина Аеродром.
  3. Предлог-одлука за давање согласност за аплицирање на Општина Аеродром на Програмата „Општинско-корисна работа 2019 година”, реализирана од Програмата за развој на Обединетите нации, Министерство за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и локалната самоуправа.
  4. Предлог-одлука за исплата на парична помош врз основа на пристигнато барање за исплата на парична помош за боледување подолго од шест месеци.
  5. Предлог-одлука за давање согласност на Договор за соработка во 2019 година меѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Скопскиот плански регион, основачи на Центарот за развој на Скопскиот плански регион.
  6. Предлог-одлука за исплата на парични средства на вработените во општинската администрација на Општина Аеродром врз основа на надоместок за годишен одмор.
  7. Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка – донација на Национална мрежа против семејно насилство врз жените и семејното насилство - Скопје за воспоставување на советувалиштен сервис за психосоцијална поддршка на жени и деца жртви на семејно насилство.
  8. Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за задолжување на раководителот на Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина, за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани лица во ОА.
  9. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 601).
  10.  Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 3815/1 и КП 3815/2)
  11.  Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 4 на КП 1733).
  12.  Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 4144).
  13. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 и 2 на КП 1433).
  14.  Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 3020/1 и 3020/2).
  15.  Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 на КП 2139/1 и објект број 3 на КП 2140)
  16.  Предлог-заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 29.10.2018 година до 24.01.2019 година.
  17. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности на Одделението за инспекциски работи во Општина Аеродром за 2018 година.
  1. Предлог-заклучок за усвојување информација за направен пропуст во текстуален дел на планска документација на ДУП за четврт И11.

 

                                                           

  

23.5.2019 г.

Општина Аеродром