Градинката „Буба Мара“ слави 25 години од своето постоење

 Детската градинка „Буба Мара“ денеска ќе го прослави својот 25-годишен јубилеј во Националната опера и балет со почеток во 17 часот.

Во светот на детската фантазија со сонување, мечтаење, остварување ќе се претстават дечињата што го завршуваат својот престој во градинка и започнуваат со школување. Градинката е основана во 1994 година, располага со пет објекти и еден центар за ран детски развој. Низ текот на годините во градинката поминале голем број деца, а моментално се згрижени над 1000 дечиња.

Деновиве во Ново Лисиче ќе биде пуштен во употреба целосно новиот објект, со 8 занимални, вкупна површина од 1.500 квадратни метри и капацитет за згрижување од 270 деца.

 

7.6.2019

Општина Аеродром