Санирање дупки на улици во Општина Аеродром

 По подобрувањето на временските услови, Општина Аеродром продолжи со санација на ударните дупки на улиците што се под нејзина надлежност.

Во изминатиот период беа санирани дупки на улици во Горно Лисиче, населба Лисиче и Реонски центар во Аеродром. Деновиве се работи на санација на ударните дупки на улицата „23 Октомври“ во населбата Острово.

Овие активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се подобри патната инфраструктура и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

 

           

11.6.2019

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео