ОГЛАС за издавање под закуп во ООУ „Љубен Лапе“
Врз основа на член 128 и член 130 од Законот за основно образование (Службен весник на РМ бр. 103/08), како и врз основа на Правилникот за издавање под закуп фискултурната сала, училишниот двор, училници или друг административно-деловен простор на Општинско основното училиште , „Љубен Лапе“ Општина Аеродром Скопје, објавува
ОГЛАС
за издавање под закуп на фискултурни сали,
училишни дворови, училници и друг административно
деловен простор во ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром Скопје “
1. ЗАКУПОДАВЕЦ:
ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром Скопје, со седиште на ул „Васко Карангелески“ бр. 2, 1000 Скопје телефон: +389 2 2452-091 и факс: +389 2 2450- 220.
2. ПОНУДУВАЧ:
Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско физичко лице и правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот на закуп.
3. ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1. Фискултурна сала во ООУ „Љубен Лапе„ Општина Аеродром Скопје со површина со 160 м2 со 2 гардероби и тоалет.
3.2. Училници во ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром Скопје - 1 училница со единечна површуна од 48 м2
3.3. Друг административно-деловен простор во ООУ „Љубен Лапе„ Општина Аеродром Скопје :
-друг административен деловен простор од 50 м2 .
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2 и 3.3 по пат на прибирање на писмени понуди.
Понудувачот треба да ја подигне документацијата во рок од 8 дена од објавување на огласот.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.
Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик-бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика и џит кун до, ракомет мечување.
Документација во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ООУ „Љубен Лапе„ Општина Аеродром Скопје - архива.
Понудата која што нема да биде доставена на документација потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Отварањето и читањето на понудите ќе се одржи на ден 20.06.2019 во 10 часот во просториите на ООУ „Љубен Лапе“ Општина Аеродром Скопје
Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.
ООУ Љубен Лапе Општина Аеродром Скопје
Директор
Марјана Панчевска