Обновени графитите на „Фемили Аеродром“

 Двата графита на навивачката група „Фемили Аеродром“ повторно се вратени на ѕидовите на детската градинка „Изворче“ во Стар Аеродром откако беа избришани при реконструкцијата на ѕидовите на градинката.

Двата ѕида на кои беа нацртани графитите се наоѓаа во многу лоша состојба и беше неопходно да се санираат бидејќи во внатрешниот дел се појави влага и ужасна миризба, на што реагираа и голем број родители.

Децата, нивното здравје и безбедност се врвен приоритет како за Општина Аеродром, така и за кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје и за навивачите на овој клуб.

 

24.6.2019

Општина Аеродром