Оглас
Врз основа на член 128 и член 130 од Законот за основно образование ( Сл.весник на Р.М бр.103/08), како и врз основа на Правилникот за издавање под закуп фискултурна сала, училишен двор, училници или друг административно – деловен простор на Општинското основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје, објавува
О Г Л А С
за издавање под закуп на фискултурни сали, училишни дворови, училници и друг административно деловен простор во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје
1.ЗАКУПОДАВЕЦ:
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје, со седиште на бул.„Јане Сандански“ бр.27 А, 1000 Скопје телефон : +389 2 2 444-415
2.ПОНУДУВАЧ :
Право да поднесе барање за закуп на наведените недвижности има секое заинтересирано домашно и странско физичко лице и правно лице ко е регистрирано за вршење на дејност согласно со предметот за закуп.
3.ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП
3.1 Фискултурна сала во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 396,2 м2 со 2 гардероби и тоалет.
3.2 Училишен хол во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје – со површина од 327,05 м2
3.3 Училница број 1 во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 17,05 м2
3.4 Училница број 2, 3, 4 во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина 54,78 м2
3.5 Друг административно деловен простор во ООУ„Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје со површина од 8,05 м2
Закуподавецот ги издава просториите наведени во точките 3.1, 3.2, 3.3, 3.4 и 3.5 по пат на прибирање на писмени понуди.
Понудувачот треба да ја подигне документацијата во рок од 8 дена од објавувањето на огласот.
Понудувачот треба понудите да ги достави на документација потпишана и заверена од страна на закуподавецот.
Клубови кои можат да конкурираат за термини во фискултурната сала се тие кои работат со следните спортови: кошарка, јога, одбојка, џудо, теквондо, карате, пилатес, аеробик, зумба, аикидо, кик – бокс, јапонски вештини, бокс, танци и ора, модерен танц, балет, гимнастика, џит – кун до, ракомет и мечување.
Документацијата во која подетално се наведени недвижностите кои што се предмет на закуп како и другите услови кои што задолжително мора да ги исполнуваат понудувачите, може да подигне само овластено лице од страна на понудувачот секој ден од 09:00 до 12:00 часот во просториите на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје – архива.
Понудата која што нема да биде доставена на документација потпишана и заверена од страна на понудувачот како и понуда која што нема да ги содржи сите потребни документи ќе се смета за некомплетна и како таква нема да биде разгледувана.
Отварањето и читањето на понудите ќе се одржи на ден 09.07.2019 година во 10 часот во просториите на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје.
Сите понуди кои ќе пристигнат подоцна нема да се разгледуваат.
ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ Општина Аеродром – Скопје
в.д Директор
Марјан Јовановски