Општина Аеродром ги ослободува заробените дрвја

 

Општина Аеродром ги ослободува сите дрвја што се заробени на неколку локации на територијата на Општината.

Станува збор за дрвја чии стебла се целосно забетонирани или затворени со бекатон-плочки што го оневозможува нивното растење.

На територијата на Општина Аеродром се детектирани околу 20 вакви дрвја, кои се наоѓаат по должината на булеварите „12-та македонска бригада“ во населбата Лисиче, „Јане Сандански“ и АСНОМ, неколку во Горно Лисиче,  како и на улицата „23 Октомври“.

 

24.7.2019

Општина Аеродром