Министерката Царовска во посета на Аеродром

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, придружувана од градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, и претседателката на Советот, Ивана Цветковска, денеска ја посетија новоизградената градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче, која неодамна беше отворена.

            Министерката се запозна со новите услови во градинката, која има 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна со вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Овој објект доби двојно поголем капацитет за згрижување од околу 200 деца.

            Подобрувањето на условите во градинките, грижата за секое дете и придонесот за развојот на идните генерации се главни цели и на Министерството за труд и социјална политика и на Општината.

17.9.2019

Општина Аеродром