Ново детско катче во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“

 Ново детско катче е поставено неодамна во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче.
Игралиштето се наоѓа во срцето на прекрасниот двор и се состои од повеќе реквизити за безгрижна игра на најмладите и во есенските денови.
Општина Аеродром, исто така, деновиве врши реконструкција на оштетените детски игралишта на ниво на целата територија. Се поставува гумена подлога за поголема безбедност на најмладите и се обновуваат реквизитите.


4.11.2019 г.
Општина Аеродром