Во вторник 34. седница на Советот на Општина Аеродром

 Во вторник, 10.12.2019 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи триесет и четвртата седница на Советот на Општината.

На дневен ред на седницата се следниве точки:            

 

  1. Предлог-план за дополнување на Планот на програми за развој за период 2020-2022 година.
  2. Предлог-одлука за исплата на еднократна парична помош на талентирани спортисти по објавен јавен оглас за прибирање барања за користење средства од буџетот на Општина Аеродром за 2019 година.
  3. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за формирање општински совет за социјална заштита на Општина Аеродром.
  4. Предлог-одлука за давање одобрение за користење на името Аеродром од страна на Здружение на граѓани – Кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром.
  5. Предлог-одлука за доделување новогодишни пакетчиња на вработените и ангажираните лица во општинската администрација и членовите на Советот на Општина Аеродром.
  6. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект на КП 5940).
  7. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1385).
  8. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1415)
  9. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација (објект на КП 1108)
  10. Советнички прашања

 

 

6.12.2019 г.

Општина Аеродром