Традиционалните василичарски средби што се организираат на територијата на Општина Аеродроми годинава се одржаа на Детската улица „Тоше Проески“ и на платото во паркот во населбата Мичурин, во организација на здруженија на граѓани.
Во рамките на прославата на големиот православен празник Свети Василиј, меѓу народот познат како Стара Нова година, се одржа богата музичка програма и кршење на традиционалната погача со златна паричка, а беа избрани и новите кумови.
Голем број граѓани присуствуваа на овие прослави што Општина Аеродром традиционално логистички ги поддржува.
14.1.2020
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.